На 01.02.2025 во 14.30 часот во СВР Битола 62-годишна жена од битолско пријавила дека во ноември 2023 година преку социјалните мрежи стапила во контакт со лице од Романија, која и кажала дека има сериозни здравствени проблеми, дека нема семејство, а има заштедено 590.000 евра и дека сакала да и ги подари на пријавителката.
Пријавителката од ноември до денес преку апликацијата WhatsApp комуницирала со лице кој се претставувал како адвокат, а уплатила и 34.890 евра, кои наводно биле потребни за спроведување на постапката. Но, бидејќи парите не ги добила, сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.