Советот на Општина Прилеп денeс ја одржа 56-тата седница на Советот на Општина Прилеп. Предлог-одлука за измена и дополнување на одлуката за извршување на Буџетот на Општина Прилеп, за 2025 година, предлог-одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Прилеп, за 2025 година и предлог-квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Прилеп, за четврт квартал, беа првите точки на дневен ред, за кои дискутираа советниците и ги изгласаа со мнозинство гласови, како и дополнителната точка Предлог-Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Прилеп за 2025 година.
Советниците дадоа согласност на одлуката за определување на максимален износ од 10.000 денари за доделување на поединечна субвенција/надомест на дел од трошоци на граѓани на подрачјето на Општина Прилеп за набавка на грејни тела со инвертор, за 2025 година.
![](https://infokompas.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/04-300x300.png)
Едногласно беше прифатен и предлогот за воспоставување на меѓуопштинска соработка меѓу општините: Новаци, Прилеп, Битола, Крушево, Долнени, Могила, Кривогаштани, Демир Хисар, Ресен, Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Пласница, Центар Жупа, Вевчани, Дебарца и Македонски Брод како дел од процесот за отворање на Регионалната депонија во Новаци.
На оваа седница беа именувани и прифатени членовите во заедничката комисија за подготовка на предлог актите за воспоставување на меѓуопштинска соработка, беше дадена и согласност за годишниот план за измена и дополнување на годишниот план за вработување за 2025 година на ЕЛС Општина Прилеп, согласност за измена и дополнување на годишниот план за вработување во 2025 година на ООУ “Климент Охридски” – Прилеп, согласност за програмата за реализација на дејноста на ЈОУ Градска Библиотека „Борка Талески“ Прилеп за 2025 година со предложениот финансиски план, а беше усвоен и финансискиот план на СОУ„Ѓорче Петров“- Прилеп, за 2025 година, како и одлуките за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите во ЈОУ Дом за стари лица ,,Киро Крстески-Платник’’-Прилеп. Воедно, советниците едногласно дадоа согласност и за отпис на расипаните и неупотребливи компјутерски системи, на ООУ ,,Блаже Конески’’-Прилеп.
Одлуката за хуманитарни паркинг места на ЈП за ПУП –Прилеп, каде собраните средства од овие простори за паркинг ќе бидат наменети за хуманитарни цели, беше исто така едногласно прифатена од советниците при Советот на Општина Прилеп.
На 56 -тата Седница на Советот на општина Прилеп советниците усвоија и неколку предлог – одлуки за донесување урбанистички проетки со план за парцелизација за ГП од ДУП на Општина Прилеп и одлуки за урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправно изградени објекти, по барање на физички лица.