Викендов направени 3.142 сообраќајни прекршоци низ државава – 1.498 по основ на пречекорување на брзината на движење

Facebook
Twitter
Email
Print

Полициските службеници од сите осум Сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР и во текот на изминатиов викенд (14/15/16.02) продолжија со засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава. Притоа, вкупно беа издадени 3.142 платни налози за сторени сообраќајни прекршоци по различни основи согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, а наплатени се 1.314 платни налози.

Според статистичките показатели прекршоците по основ на пречекорување на брзината на движење убедливо предничат така што евидентирани се вкупно 1.498 прекршоци, во споредба со 535 издадени платни налози по основ на непрописно паркирање. Воедно, што е особено важно за анализа е фактот што за викендот зголемен е бројот на откриени возачи што управувале возило без возачка дозвола – 247, како и возачи кои што управувале возила под дејство на алкохол-111. Покрај ова изречени се и 153 платни налози по основ на некористење сигурносен појас, потоа 56 – по основ на говорење на мобилен телефон при возење, откриени се и 58 нерегистрирани возила кои што учествувале во сообраќајот.

Инаку за викендов, поточно вчера (16.02) пособено внимание, преку соодветен претходно подготвен план за постапување, беше посветено на контролата на правилата за почитување на пропишаната брзина на движење, и следствено резултатите од тие радарски контроли во неделата на територијата на државата беа евидентирани 429 возачи кои ја пречекориле брзината на движење надвор од населено место, и 488 возачи кои што ја пречекориле брзината на движење во населено место. Како епилог на тоа издадени се 870 платни налози и 47 писмени опомени. Исто така во текот на викендов низ патиштата во земјава се случиле една сообраќајна несреќа во која што едно лице го загубило животот, како и други четири сообраќајни несреќи во кои што шест лица се здобиле со тешки телесни повреди (двајца возачи, двајца сопатници, еден мотоциклист и еден пешак).

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи