Прилеп ќе добие 3 нови обвинители – вкупно 47 на ниво на држава

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Избор на вкупно четириесет и седум обвинители во осумнаесет јавни обвинителства е на дневниот ред од 20. седница на Советот на јавните обвинители на Република Македонија што ќе се одржи утре со почеток во 10:30 часот.

Најмногу, односно 14 јавни обвинители, треба да се изберат во Основното јавно обвинителство Скопје.

Во Основните јавни обвинителства во Велес, Делчево, Кочани, Крива Паланка, Радовиш, Ресен и Струга ќе се избира по еден јавен обвинител.

По двајца јавни обвинители ќе се избираат во Основните јавни обвинителства во Битола, Гевгелија, Гостивар, Кичево и Струмица.

Во Основните јавни обвинителства во Куманово, Охрид, Прилеп и Штип ќе се избираат по тројца јавни обвинители.

За Основното јавно обвинителство Тетово треба да бидат избрани четворица обвинители.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци