ССМ: Потрошувачката кошничка за април повисока за 836 денари во однос на март, изнесува 62.691 денари

Facebook
Twitter
Email
Print
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Денеска, за жал 2,5 минимални плати не ја покриваат вредноста на Синдикалната минимална кошница, па реално и оправдано е барањето за зголемување на минималната плата на најмалку 500 евра, како и дополнително зголемување на сите останати плати за најмалку 100 евра, констатира Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) кој денеска ја објави минималната кошничка за март и за април.

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец април 2025 година изнесува 62.691 денари и споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец март 2025 година која изнесува 61.855 денари, е зголемена за 836 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец март изнесува 78.066 денари.

„Евидентно од вредноста на Синдикалната минимална кошница е дека мерките се потребни и истите задолжително мора да траат подолг временски период, но поради нефер трговските практики на дел од трговците, последната мерка на Владата за ограничување на маржите за најмалку 10% даде половичен ефект“, се наведува во објавата на синдикатите.

Дополнително доцни владината потрошувачка кошничка, која беше најавено дека наместо минимална ќе биде просечна, и нема да се однесува на четири, туку на тричлено семјство на што остро реагираа синдикатите и дел од коморите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци