Започна постапката за трет мобилен оператор

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Агенцијата за електронски комуникации ја започна постапката за влез на трет мобилен оператор во Македонија. Иако постапката предвидува спроведување на тендер со јавно наддавање за доделување на ново одобрение за мобилен оператор, сепак теренот се подготвува за влез на унгарската телекомуникациска компанија „4iG“, блиска до премиерот Виктор Орбан, преку компанијата „Оне Македонија Телекомуникации“.

„По сопствена иницијатива и врз основа на пристигнатo барање од Друштво за телекомуникациски услуги ОНЕ МАКЕДОНИЈА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ ДООЕЛ Скопје број 0805-1103/1 од 16.04.2025 година, Агенцијата за електронски комуникации објавува намера за спроведување постапка на јавен тендер со јавно наддавање за издавање на ограничен број на одобренија за користење на радиофреквенции со цел да овозможи јавна расправа по објавениот број на одобренија за користење на радиофреквенции“, стои во објавата од АЕК.

Јавната расправа ќе трае еден месец, кога заинтересираните ќе може да достават коментари и мислења, а писмо со искажување интерес за тендерот треба да се достави до АЕК до 16 мај. На тендерот за доделување фреквенции за мобилна телефонија може да се пријават и други фирми, но не и постојните А1 Македонија и Македонски телеком, за да се овозможи поголема конкуренција на пазарот. На тендерот ќе бидат понудени три фреквенциски опсега. Најнискиот предлог-надомест за секое одобрение изнесува: 4.200.000 евра за фреквенцискиот опсег 700 MHz (одобрение А1), 1.500.000 евра за 1800 MHz (одобрение Б1) и 2.320.000 евра за опсегот 3400–3800 MHz (одобрение Ц1). Одобренијата А1 и Ц1 ќе важат 12 години, до 2037 година, додека одобрението Б1 ќе биде со важност до 2033 година, односно 8 години – заради усогласување со важечките лиценци на останатите оператори.

„Бројот на одобренија за користење на радиофреквенции е неопходно да биде ограничен со цел да се обезбеди ефикасно користење на радиофреквенцискиот спектар, да се обезбедат максимални поволности за корисниците и да се поттикне конкуренцијата“, наведува АЕК.

Операторот што ќе добие лиценца ќе има обврска до крајот на 2026 година барем еден град да биде покриен со 5G сигнал. До крајот на 2028, главните транспортни коридори треба да имаат целосна 5G покриеност, а до 2030 година истото се очекува за сите градови во земјава. До крајот на 2032 година, секој граѓанин треба да има пристап до интернет со минимална брзина од 100 Mbps преку 5G.

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски уште во август соопшти дека унгарската компанија 4iG доставила писмо за намери до Владата дека е заинтересирана да влезе на македонскиот пазар за фиксна и мобилна телефонија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми