МОН објави повик за доделување парични награди за освоено прво место на државен натпревар за основци

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Министерството за образование и наука (МОН) објави повик за доделување парични награди за освоено прво место на државен натпревар за ученици во основното образование и наставниците што ги подготвиле за натпреварот.

„Натпреварот треба да биде организиран од акредитирано здружение на наставници. Барањата од ученикот, односно од неговиот наставник за исплата на парична награда за освоено прво место на натпревар на државно ниво во учебна година се доставуваат до Министерството најдоцна до 31 декември во тековната година кога е организаран натпреварот“, се наведува во повикот на МОН.

Ученикот, заедно со наставникот кој го подготвувал за натпреварот, треба да достави електронска пријава на порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk со која во прилог доставува и документи кои се наведени во објавениот повик.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми