ВИДЕО- Селекција на органски отпад и производство на хумус во Општина Долнени – пилот проект на СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Компостирање во заедницата е пилот проект на СТАНИЦА ПЕТ од Прилеп кој за прв пат се спроведува во Македонија во селото Ропотово, Општина Долнени. Проектот предвидува собирање и преработка на органски отпад, кој што ќе се компостира и преработува во органски хумус. Хумусот пак е предвидено да се користи на почетокот за наѓубрување на јавни површини во општината, а кога ќе има и повеќе количини истиот да го користат и земјоделците за обработливите површини.

„Поставените станици на 2 места во селото се состојат од метални корпи и канти каде што е детално наведено на табли кој отпад може граѓаните да го одлагаат. Во металните корпи се одлага остатоци од трева и лисја, а додека во кантите остатоци од храна. А Јавното комунално претпријатие при редовното собирање на отпад од овие канти, тој отпад ќе го собира и ќе го носи во станицата за компостирање која што е изработена од дрво и вработените во Јавното комунално претпријатие понатаму ќе имаат задача понатаму да го одржуваат, соодветно да го промешуваат и да го селектираат отпадот се со цел да се произведе органски хумус“, истакна Весна Шапкоски, извршна директорка на СТАНИЦА ПЕТ Прилеп.

Со овој проект ќе се намалат емисиите на јаглерод и азот во животната средина и количините на отпад. А ќе се добие и производство на органско ѓубриво.

„Исто така во изминатиов период организиравме серија од 3 обуки за вработените во комуналното претпријатие кои ги запознаваме со процесот на компостирање и нивната улога понатаму во собирањето и преработката на органскиот отпад. А во наредните неколку месеци ќе реализираме и обуки со локалните жители кои ќе ги информираме кој отпад е погоден за компостирање, а кој отпад треба да се селектира и одлага во поставените корпи и канти за собирање на органски отпад“, рече Весна Шапкоски, извршна директорка на СТАНИЦА ПЕТ Прилеп.

 

„Ова е како резултат на нашата соработка со невладиниот сектор, особено со СТАНИЦА ПЕТ. И досега сме давале поддршка, а отсега ќе даваме уште повеќе поддршка. Прво логистичка поддршка преку Јавното комунално претпријатие кое што ќе го собира отпадот. Оние граѓани кои ќе си го донесат сами во ред, а оние кои нема да можат да имаат и таква можност ние да го подигнеме“, додаде Саткија Мифтароски, Општина Долнени,

Оваа активност е дел од проектот „Паметно зелено село за одржлива иднина“ реализиран со поддршка на Фондација Отворено Општество.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми