Јавна дебата на Рурална Коалиција за наодите од првиот Локален извештај за состојбата со семејно, родово-базирано и сексуално насилство во општините во Југозападниот плански регион 

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми



Според официјалните меѓународни извештаи во нашата држава се пријавува само 2% од вкупниот број на случаи на семејно, родово-базирано и сексуално насилство. Започнувајќи од Ковид периодот, па се до крајот на 2024 година дури двојно е зголемен бројот на пријави на семејно или родово-базирано насилство во општините во Југозападниот плански регион

Во 9-те општини во Југозападниот плански регион многу е мал број на пријавени случаи на сексуално насилство, а ако ги споредиме руралните и урбаните општини во Југозападниот плански регион , бројот на пријавени случаи на секаков вид на семејно и родово-базирано насилство е минимален особено во руралните средини што во никој случај не значи дека насилството го нема во овие средини.

 

 

Сервисите/услугите треба да се развиваат, потребно е да се вложува и во превенцијата од семејно, родово-базирано и секусално насилство, да се јакне свеста во локалната заедница. Во  исто време ние мора да вложуваме и во едукацијата, а потребно е да се зголемат и ресурсите кои што општините и државата ги издвојува за превенција и борба со семејното, родово-базирано и сексуално насилство. На јавната дебата учествуваа сите институции и засегнати страни во процесот од повеќе различни општини од Југозападниот плански регион.

Ова се само мал дел од информациите, препораките и заклучоците кои што беа споделени на јавната презентација на Извештајот за случаи на семејно, родово-базирано и сексуално насилство во општините од Југозападниот плански регион.

 

 

Ваков извештај е за прв пат изработен во Југозападниот плански регион, а истиот Рурална Коалиција го изработи во рамките на проектот „ЗАЕДНО можеме повеќе: Активна локална заедница води активна борба против родово – базирано и сексуално насилство“, во рамки на акцијата „СЕ ГРИЖИМЕ: Заедно се бориме против сексуалното и родовото насилство “, финансирана од Европската Унија, а предводена од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми