Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
10-ти мај одлучивме да го прогласиме за Зелен ден на Илинска планина и заедно да го одбележиме во природа. Селото Прострање, Кичево беше нашиот домаќин па низ ритамот на музиката од Montparnasse association уживаме во зеленилото, а со младите извидници успеавме да го обиколиме селото и да се запознаеме со локалните знаменитости преку разговорите со локалното население, да ја разгледаме старата архитектура на селските куќи, но и да ја посетиме Ќирковата водејнца
Направивме селска тура вредна за паметење, зборувавме за руралниот развој, за селскиот туризам, за мотивирањето на младите и нивното враќање кон природата
Ги поделиме мапите со локалитети, туристичкиот водич, а ја презентиравме и програмата за рурален развој и туризам на Кичевскиот регион и реонот на Илинска планина пред присутните на настанот и локалните жители
Сето ова ни е дел од активностите на проектот “Патот до селото – одржлив развој во срцето на природата” финансиран од CNVP Foundation и Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.