Прилеп доби донација 4 минибуси, во вкупна вредност од 104.000 евра, ќе ги користи ЈП за ПУП

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Советот на Општина Прилеп денеска ја одржа 61-та седница, на која вонредно беа разгледани и едногласно усвоени две точки на дневниот ред. Првата одлука се однесува на продолжување на работното време на угостителските објекти за време на одржувањето на Меѓународниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

Согласно одлуката, во деновите 6, 7 и 8 јуни, работното време на угостителските објекти ќе биде продолжено за два часа, со цел да се овозможи поквалитетна услуга и пријатна атмосфера за гостите и посетителите на фестивалот.

Втората точка се однесуваше на прифаќање на донација од ДТУ „УНИПРОМЕТ НМ“ ДООЕЛ Скопје. Станува збор за донација од четири минибуси, во вкупна вредност од 104.000 евра во денарска противвредност. Возилата, по спроведување на законската процедура, ќе бидат доделени на трајно користење на Јавното претпријатие за просторно и урбано планирање – Прилеп, кое стопанисува со јавниот градски превоз во општината.

Донацијата претставува значаен придонес за унапредување на квалитетот на јавниот превоз во Прилеп. Откако беше испратено писмо со намера од страна на донаторот до градоначалникот, на кое беше позитивно одговорено, со денешната одлука на Советот е направен првиот формален чекор во процесот на реализација.

Локалната самоуправа изразува благодарност до донаторот и очекува новите возила наскоро да бидат ставени во функција, со што ќе се придонесе кон подобрување на мобилноста и квалитетот на живот на граѓаните на Општина Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми