
Во СОУ „Наум Наумоски – Борче“ во Крушево се одржа Отворен ден за деветтоодделенците кои се запознаа со струките кои ги нуди ова средно училиште кај нас, а кои во моментов се едни од најплатените и најбараните, како во Македонија така и во странство.
Ова е комбинирано училиште кое нуди гимназиско образование и угостителско образование при што таму има
– 3 годишно образование:
- за готвач
- келнер
- и слаткар
– 4 годишно образование за:
- угостителски техничар
- хотелско туристички техничар
- ресторански техничар
Предноста за гимназиското образование е таа што тука има мали класови, а со тоа поголема е и можноста ученикот да се стекни со повеќе знаење од причина што секој ученик може да добие повеќе внимание.
Во однос на стручното образование предноста е во тоа што учениците добиваат знаења и вештини од една струка која што во денешно време е многу барана, а тоа е угостителската струка. Не само што е многу барана, туку таа е и многу платена. Зборуваме не само за државата туку и за надвор од неа. Ж
Има многу успешни ученици кои се излезени од ова училиште и кои што својот живот и професијата денес ја развиваат надвор од државата во туристички места каде што се восхитувачи платени.
Во стручното образование има дуално образование што значи повеќе часови за практична настава и со самото тоа вештините се стекнуваат многу побрзо.