ВИДЕО – Салите во ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп отворени и оспособени за одржување на настани

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Како директор на Центарот за култура во Прилеп сакам да изразам искрено задоволство и гордост за сето она што успеавме да го постигнеме изминативе 2 месеци. По затворањето на големата сала, кино салата и објектот каде што е сместен театарот од страна на ДЗС вложивме огромен труд за да ги санираме клучните забелешки и да обезбедиме безбедни услови за работа, но и за публиката, истакна денеска Марија Попова Јованоска, директорка на Центар за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп.

„Ни претставува особено задоволство да објавиме денес дека настаните во Центарот за култура се повторно отворени и дека театарската дејност и активност продолжува во нив. Посебно сме среќни што ова повторно отворање го одбележуваме со премиера на претставата „Чиста куќа“ во режија на Тамара Стојаноска, млада режисерка која прв пат режира во нашата куќа. Сакам да кажам дека овој проект е дел од годишната програма на Центарот за култура „Марко Цепенков“, од областа на драмската дејност и е финансиски поддржан од страна на Министерството за култура и туризам и за тоа сме им неизмерно благодарни. Исто така сакам да упатам огромна благодарност на целиот тим на „Чиста куќа“, до актерите, режисерката, техничкиот персонал, кои работеа во нестандардни, ограничени услови, но со огромна посветеност, ентузијазам, желба и љубов кон театарот.

Клучните забелешки беа да се санира хидрантската мрежа, тоа го постигнавме, демонтажа на стариот радиоактивен громобран и монтажа на нов, поставување на агрегат за челичната завеса кој ја дели сцената од гледалиштето во случај на пожар, смерот на вратите. Имавме и дополнително некои забелешки во однос на системот за дојава за пожари, електричната енергија, но сето тоа е санирано.

Сакав да кажам дека иако театарот останува затворен, се надевам дека тој предизвик ќе ни претставува мотивација за конечно да го решиме прашањето околу иднината на театарот, затоа што овој град заслужува нов, современ театар, кој е достоен за културното наследство и талентот кој што го поседува. Затоа со оваа премиера сакаме да пратиме една јасна порака, дека културата продолжува, театарот живее, нашата сцена останува жива, активна и отворена за публиката“, истакна Попова Јованоска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми