
Полните гледалишта на претставите на фестивалот ни се најголема награда и потврда дека работиме добро. Вам, драга публико, ви се радуваме најмногу, соопштуваат од МТФ „Војдан Чернодрински“.
„Ве известуваме дека на 2 јуни ќе започне продажбата на влезниците за 59. издание на фестивалот, на билетарницата и онлајн. Билетарницата ќе работи од 10 до 14 часот и од 17 до 22 часот во периодот од 2 до 13 јуни. Онлајн билетите ќе бидат достапни на mtf.teatar.mk од 10 часот на 2 јуни. https://mtf.com.mk/kontakt/