ВИДЕО – Црквата Света Троица во Крушево – симбол на христијанството, економската моќ на градот и сведок на славната историја

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Црквата Света Троица во Крушево, е четвртата црква во овој град, покрај останатите три цркви: Свети Никола, Успение на Пресвета Богородица и Свети Јован Крстител. И таа како останатите цркви е симбол на христијанството и сведок на славната историја и борбата за слобода на овој град. Црквата е осветена пред неколку години, а е изградена на иницијатива на населението од селото Бирино.

Според историските записи таа е изградена некаде во 1881 година. Настрадана и уништена е за време на Илинденото востание. За црквата се поврзани чести обиди за нејзино преземање од соседните пропаганди, за организирање на општина,, за време на Осмалиското владеење. Во неа нема фрескоживопис.

Во 1978 година поместени се дел од фреските од манастирот Св. Атанасиј, кај селото Локвени. Дел се аплицирани во внатрешниот простор, дел се уште не се изложени. Исто така, во црквата има една побогата збирка на стари икони, кои се планира да се изложат.

Малку биле градовите во Македонија како Крушево кои во овој период имале ваква економска моќ. Моќ која најлесно можела да се забележи преку изградбата на 4-те цркви и нивната велелепност. Токму оваа нивна импозантност, приказните поврзани со нив и целата историја, се главните адутите со кои тие се едни од најпосетените места во Крушево.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми