Операторите на електрична енергија нема да можат да ги исклучат ранливите категории граѓани кои не плаќаат струја во зима

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Операторите на електрична енергија нема да можат да ги исклучат ранливите категории граѓани кои не плаќаат струја во зимскиот период, предвидува новиот Закон за енергетика кој веќе е на сила. Обемниот документ од 300 страници содржи регулативи за т.н. фискални и нефискални мерки со кои треба да се регулира нешто што се вика „енергетска сиромаштија“.

„Ќе има воведување батерии за складирање струја. Во зима нема да може да ги исклучите оние кои нема да плаќаат, а ќе има и нефискални мерки за енергетска сиромаштија. Ќе има повеќе полначи за батерии за електрични возила и регулатива за нивно поставување. Секој ќе може да го смени операторот за енергетика во рок од 48 часа. Законот е имплементација на ЕУ директивите, особено во делот на чистата енергија. До 80% од паметните, односно „смарт“ броила граѓаните ќе треба да ги набават до 2031 година. Ќе има формирање и на граѓански заедници“, изјави министерката за енергетика Сања Божиновска на брифинг со новинарите во Едукативниот центар во Матка.

Паметните броила треба самите далечински да ја отчитуваат потрошувачката и се еден од клучните новитети во закнот. Се предвидува и детален план за инвестиции во енергетиката за следните 10 години.

Со новиот закон МЕПСО ќе биде под капата на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми