Мицкоски: Интензивно се работи на автопатот Прилеп – Битола, експресниот пат Градско-Прилеп ќе биде целосно пуштен месецов

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа како тече изградбата на автопатиштата во државата и до каде е патот Прилеп-Битола, изјави:

„Што се однесува до автопатот Прилеп-Битола, можам да кажам дека до крајот на овој месец повеќе од 85% од трасата ќе биде, од аспект на имотно-правни односи, завршена и од аспект на истраги коишто се поврзани со пронаоѓање на експлозивни направи, исто така испитана и завршена, но она коешто за мене е важно, е дека се следи тој рок, се забрза, за разлика од состојбата од пред една година кога беше до никаде, сега можам да кажам дека веќе, последното коешто го разговаравме со изведувачите е дека дваесетина километри фронт е отворен и се работи. И мислам дека тука ќе биде испочитуван, би рекол, оној рок којшто е дел од договорот“.

Премиерот Мицкоски истакна дека има 4 автопатишта коишто се градат во вкупна должина од 150 километри, Кичево-Охрид, Гостивар-Букојчани, Гостивар-Тетово, Прилеп-Битола и еден експресен пат Прилеп-Градско, делницата Фариш-Дреново.

„Што се однесува до експресниот пат Градско-Прилеп, односно делот Дреново-Фариш, карпата којашто надвиснуваше и којашто претставуваше опасност, е веќе решена. Се расчистува патот и очекувам до крајов на месецот да биде пуштена и таа секција. Бидејќи знаете, таа беше малтене планината пукната и надвисната, покриен беше 70% од делницата и ако не се решеше тоа постоеше опасност со време и да имаме, недај Боже, човечки жртви. Така што и тоа е завршено, решено е. Очекувам до крајов на месецов и тоа да се пушти“, рече Мицкоски.

Премиерот потсети дека во општините со проектите од првиот и од вториот повик од унгарскиот кредит ќе има нови 1200 градилишта.

“Кога сето ова ќе се спореди со онаа летаргија којашто изминативе години функционираше по принципот битно е да крадеме, не да градиме. Тогаш мислам дека се чувствува разликата и поместувањето во позитивна насока“, рече тој.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми