Прилепчанка ги оставила своите 3 мали дечиња сами во својот дом – ги пронашол нејзиниот татко

На 19.06.2025 во 01.40 часот во ОВР Прилеп, М.А.(50) од Прилеп пријавил дека на 18.06.2025 околу 22.00 часот во домот на неговата ќерка М.А., во кој вонбрачно живеела со С.А., а кој бил на работа во Охрид, ги пронашол сами нивните три деца на возраст од три, две и една година.

Според пријавеното, тој ги земал децата во неговиот дом и се слушнал со неговата ќерка, која му кажала дека не можела да се грижи за децата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми