Педесетина училишта низ државава ќе добијат фотоволтаични системи

Facebook
Twitter
Email
Print
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Ова лето околу 50 училишта низ државата ќе бидат опремени со нови фотоволтаични енергетски системи. Проектот се реализира со грант во висина од 1,1 милион евра, добиен од Банката за развој при Советот на Европа, во соработка со Министерството за образование и наука.

„Со оваа инвестиција ќе се заштедат големи буџетски средства, а тие пари потоа ќе можат да се реинвестираат во инфраструктурни проекти, учебници и дигитални помагала за учениците.

Преку инвестирање во обновливите извори на енергија ќе ги намалиме финансиските трошоци, но и ќе придонесеме за намалување на загаденоста на животната средина.

Владата има визија, план и цел за подобрување на образовниот процес.

Преку квалитетно реформирано образование и преку реализација на проекти ќе го подобриме образовниот систем.

Државата е на патот на промените“, велат од Влада во соопштение.

Проектот е дел од стратегијата за современо и енергетски ефикасно образование, како и заложба кон натамошни реформи во наставниот процес.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци