И оваа година како и минатата според Сојузот на тутунски здруженија се очекува принос од околу 24 милиони килограми тутун. Годинава иако за разлика од лани имаме зголемување и на засадените хектари од 13.700 на 14.300 хектари, како и на склучените договори од 27.000 на 33.000 договори и се очекуваат околу 27 милиони килограми, сепак таа бројка тешка дека ќе се постигнела поради промена на начинот на садење.

„Поготово во руралните средини расадувањето на тутунот е сега од ред до на 60 сантиметри, а порано беше расадувањето на 40 сантиметри. Со тоа зголемена е површината, но корењата ги немаме во површината. Ние како Сојуз се надеваме дека килограмите ќе бидат некаде како ланските, од 24 до 25 милиони, 27 милиони тешко да се достигнат.
Минатата година имаше драстично повеќе од предвиденото, дали можеби и годинава може да се случи така?
Мислам дека нема да се случи ако откупувачите го применуваат Законот за откуп на тутун, бидејќи лани сите знаеме како се случуваше откупот, со поголема количина на влага, неодбивање на кал и така дојде до зголемување на крајните килограми на тутун“, рече Кире Ристески, претседател на Сојуз на тутунски здруженија.
Тутунарите исто така бараат и зголемување на цената на тутунот за оваа година, но и откуп на класи, а не како минатата година, целото производство во една и тоа прва класа. Годинава цената за прва класа е 420 денари.
„Јас сум поборник да се откупува тутунот на класи, но откупувањето на класи ќе биде само ако се координираат цените кај откупувачите. Со овие цени не ми дава за право да кажам дека ќе се купува на класи. Не се бориме за да ја зголемиме цената, дали тоа ќе биде анекс или друго, бараме и секојдневно сме во контакт со откпувачите да се изврши корекција на цената.
Дали можеби би можело да има зголемување на субвенциите?
За субвенциите не, првата класа ќе биде 100 денари, втора класа 80 и трета класа 70 денари, тие се цените за субвенциите за оваа година“, додаде Кире Ристески, претседател на Сојуз на тутунски здруженија.
Тутунарите признаваат дека во моментов тутунот е најплатената земјоделса култура и велат дека ако продолжи овој тренд се повеќе земјоделци, а и млади ќе се вратат на негово производство.
„Ако продолжи вака со покачување на цената можеби ќе ја постигнеме целта да се вратат и младите, за да може да се насади повеќе тутун и да се врати оваа култура во нормала, како што било во претходните години.
Дали вие лично ги имате зголемено површините?
Јас имам зголемено како тутунопроизводител околу 5% од ланската година, со надеж дека ќе успееме за повисока цена и нормално за подобар живот. Ако успееме во ова нешто и ако размислат фирмите дека навистина младите сакаат да ја работат оваа култура, треба сериозно да размислат за покачување на цените, да не падне под минатогодинашната цена, да оди повисоко“, истакна Јусуф Ибраими, тутунар од долненско село Житоше.
„Лани имавме 14 декари, годинава 18 декари, па ќе видиме, малку и климава годинава не ни помага, прво влажно, сега суво фати, но се надеваме дека ќе има покачување, очекуваме убава цена, па ако има убава цена и в година ќе продолжиме со зголемување на површината. Децава како млади не го сакаат, но ако има убава цена ќе се согласат и ќе работиме“, рече Риза Бајрамоски, тутунар од долненско село Житоше.
Инаку во моментов Македонија после Турција била моментов втора во светот по производство на ароматичен тутун.