ВИДЕО- Мермерниот комбинат донираше современ коронарен стрес тест апарат за општата болница во Прилеп

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Мермерниот комбинат од Прилеп донираше најсовремен коронарен стрес тест апарат за општата болница во Прилеп. Поради немањето на ваков апарат оваа метода повеќе од 10 години не се користеше во прилепската болница и пациентите беа препраќани во другите градови.

„Значи продолжуваме понатаму и ќе даваме максимум за болницата за да ги опремиме сите одделенија, дел ќе ги опремуваме со донации, дел со сопствени средства, дел преку Министерството за здравтво се со цел болницата да го фаќа трендот со модерното здравство“, рече Кире Јоноски, директор во општа болница Прилеп.

 

„Оваа најсовремена опрема директно ќе ја подобри способноста на болницата да идентификува кардиоваскуларни проблеми, често пати пред тие да станат опасни по живот, што на крајот ќе доведе до поздрава иднина за граѓаните во Прилеп. Посветени сме на поддршката на виталната работа на нашите здравствени работници и обезбедувањето на пристап до најдобрата можна грижа за нашата заедница“, рече Василеос Анагностоу, директор на Мермерен Комбинат Прилеп.

Дел од персоналот веќе е обучен за ова метода, а за дел треба да има обука. Стрес тестот ќе може да се користи со мој термин, така што се очекува во Прилеп да доаѓаат пациенти од целиот регион.

„Методата стрес тест или ергометрија е неинвазивна но доста вредна метода во кардиологијата бидејќи е лесна за изведување, а од практичен и научен и аспект ни е потребна бидејќи ги дијагностицираме сите случаи каде што имаме нејајсна причина за градна болка или рана детекција на коронарна артериска болест. Важна ни е за клиничка евалуација за сите пациенти каде имаме сомнеж за исхемија и кај сите пациенти каде постои голем ризик за кардио васкуларна болест“, изјави Александра Милеска Благојеска, кардиолог при Општа болница Прилеп.

 

„Прекин имаме од цела деценија од претходно работење на ова метода до денес. Стрес тестот треба да се заживее, започнуваме со работа на двајца кардиолози, ни треба обука за сестри, планираме ангажирање на лекари од руги кардиолошки центри за обука на млади специјалисти, специјализанти кои се на специјализација за да има оваа метода континуитет“, истакна Трајче Ржаникоски, раководител на интерно одделение при Општа болница Прилеп.

Ова е втора донација за болницата во 2 дена, после онаа на видео ЕЕГ апаратот вчера од страна на компанијата WIK. Нови донации за прилепската општа болница и набавка на нова опрема се очекувале и идниот месец.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми