Прилепчанка изгубила контрола над мопедот кој го управувала – повредени 2 лица

На 28.06.2025 во 11.30 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на ул. “Васко Карангелески“ во Прилеп, 41-годишната А.С.М. управувајќи мопед со прилепски регистарски ознаки, изгубила контрола и паднала на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.С.М., а со телесни повреди се здобил нејзиниот малолетен сопатник, констатирани во Градската болница Прилеп.

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира