ВИДЕО- Младите не се доволно запознати со музеите и нивната работа, потребна е поголема афирмација на овие установи

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Заводот и музеј од Прилеп одбележа 7 децении од своето постоење. Главната свеченост се одржа во Лапидариумот во овој музеј, а претходно на платото пред Градскиот саат, беше поставена изложба на стари фотографии од Музејот за тутун. Музејот во далечната 1955 година го основа д-р Бошко Бабиќ кој доаѓа тука да прави дипломски студии за Марковите Кули и останува засекогаш во Прилеп. До почетокот на 80-тите години на минатиот век музејот бил еден од најголемите на Балканот со околу 180 вработени лица. Сега тој број е далеку помал, но патот кој што го трасираше д-р Бабиќ се уште се следи од страна на музејските работници.

На пример Музејот за тутун, еве овде оваа постафка што е околу, сакавме да илустрираме дека Музејот за тутун како една 50 години стара институција веќе има завиден фонд на спомени за минатото, поврзано со тутунот, но и поврзано со социумот, затоа што тутунот е феномен, тој е страшно поврзан со самото поднебје и тука ќе видите фотографии од идењето на Јосип Броз Тито, до тоа како се вади лебот. Нив ги сликал Бранко Јелиќ во 1972 година. Строго му забраниле да прави уметност, туку само да документира, тоа бил социјализмот. Но тој ги измамил властодршците и направил една уметност пар екселанс, а ова е дел од најголемата збирка на Балканот на каширани фотографии, имаме над 700, од кои некои се големи по 8 до 10 квадратни метри големи, што за она време било вистински подвиг и огромно трошење на пари. Но тутунската индустрија тогаш била доста солидна и можела сето тоа да го плати. Овде започнува во 18 часот со концерт каде ќе ја забиеме топката со најмилите, со најмладите, тие се главни посетители во музејот, тие идат, прашуваат, прават писмени, прават ликовни творби, значи тие ни се главни. Ги учиме да ја сакаат културата, учиме да ги заштитуваат спомениците, да не вандали како што можеме да видиме на многу места, да ја ценат целата култура, секој вид на култура, дали наша, дали туѓа, сето тоа е во суштина наша култура“, истакна Александар Цветкоски, Завод и музеј Прилеп.

Целта на овој настан беше пред се да се анимираат младите и тие повеќе да се запознаат со музеите и нашето културно и историско наследство. Но младите кои беа дел од овој настан сметаат дека нивните врсници малку знаат и ги посетуваат музеите и дека ваквите настани треба да ги има што е можно повеќе, а сметаат и дека посетата на музеите треба да биде и дел од наставната програма.

Ние искрено како деца не сме запознати многу со музејот поради тоа што нѐ интересираат други работи, но интересни се овие настани кои се организираат за да можат повеќе да нѐ запознаат со музејот. Како мали нѐ носеле преку училиште наставничките за да нѐ запознаат повеќе со музејот, но ние како генерација, и деца најпрво, не нѐ интересира музејот и културата, нѐ интересира ноќниот живот итн., но овие интересни настани се организираат за да не запознаат повеќе“, вели Михаела Велеска, дел од настанот за одбележување  7 децении од Завод и музеј  Прилеп.

 

Искрено јас мислам дека музеите кај мојата генерација не се доволно истакнати, затоа што општо таа култура е некако изгубена со времето, што мене ми е многу криво, затоа што тоа е преубаво и допридонесува на културата на луѓето.

Треба повеќе да ги има во образовниот систем, како некоја програма за учениците да ги посетуваат?

Не само како програма во училишниот систем, туку општо како секојдневие, мислам дека тоа треба да биде како норма, да се оди во музеј, да се посетува, а не да биде нешто како клише, бидејќи сега децата така гледаат на работите.

Сакате да кажете дека треба да се промени нашиот менталитет?

Да, дефинитивно, но тоа се почнува од вакви настани и мислам дека ова е супер настан, дека многу ќе помогне за тоа да се крени свеста кај младите за музеите“, рече Нена Тодороска, дел од настанот за одбележување  7 децении од Завод и музеј  Прилеп.

 

Многу малку и мал дел од нашата генерација, па и неколку години постари или помлади, многу слабо се запознати со музејот и неговото значење, дејство и работење, но сепак мислам дека треба да се зголеми тоа нешто, да се афирмира преку некои вакви настани и мислам дека треба со поголем интензитет да има вакви културни настани низ Прилеп. Да се воведи и секција, или како дел од програмата во средните и основните училишта каде би се изучувало бар малку за историјата на нашиот народ, за менталитетот, поврзаноста со музеите и како вон наставни активности да се посетуваат археолошките наоѓалишта и музеите“, додаде Михаил Грашкоски, дел од настанот за одбележување  7 децении од Завод и музеј  Прилеп.

Како дел од овој настан освен изложбата на фотографии беше и концертот на прилепскиот бенд Lockdown.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми