Во период од шест часа 429 санкционирани возачи на мотоцикли на територија на цела држава

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Во текот на ден 02.07.2025, во периодот од 16.00 до 22.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 429 возачи.

Од нив, 267 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 83 возеле без возачка дозвола, 12 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава… За време на контролата санкционирани се и 189 други видови на сообраќајни прекршоци.

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми