Левица: ЕУ директно го негира македонскиот идентитет преку сестринските партии на ДПМНЕ и СДС

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Најавените формулации во претстојниот извештај на Европскиот парламент, со кои директно се негира македонскиот јазик и македонскиот идентитет, преку нивна релативизација со придавки како „современ“ или нивно целосно отстранување од текстот, претставува бесрамен и намерен обид за институционално бришење на националниот политички субјективитет на македонската држава, велат од политичката партија Левица.

„Особено алармантно е што токму десничарската Европска народна партија (ЕПП), каде што членува и ВМРО-ДПМНЕ – ја има поднесено иницијативата за проблематизирање и модификација на македонскиот јазик во официјалниот извештај!

Ова е сериозен скандал и национално предавство, бидејќи додека домашните политички претставници лажно глумат патриотизам, нивните сестрински партии во Брисел активно работат на бришење на македонската историја, култура и идентитет од европските документи.

Овој извештај е уште еден од низа докази дека Европската Унија ги применува двојните стандарди кон Македонија, и дека европските директиви се сѐ почесто алатка за уцена, а не за развој. Наместо да биде простор за заштита на националните идентитети и различности, ЕУ сѐ повеќе станува геополитичка алатка на историски ревизионизам и неоколонијализам.

Ова не е интеграција – ова е национално разградување по директива. Продолжувањето по овој пат не води кон ЕУ, туку кон политички ќор-сокак, идентитетска разграденост и трајно уценета државност.

Во случај Европскиот парламент да го усвои ваквиот понижувачки и опасен извештај, Левица упатува силен апел до Владата на Република Македонија:

    • Да постапи со решителност и во духот на државната сувереност, наместо со слепа покорност кон надворешни диктати;

    • Да го замрзне евроинтеграцискиот процес, кој прерасна во систем на континуирани уцени и идентитетска деградација;

    • Да го прекине секое понатамошно мешање на Европската Унија во внатрешните прашања на државата, особено оние поврзани со јазикот, идентитетот, историјата и уставното уредување;

    • И, најважно – во најбрз можен рок да се пристапи кон раскинување на Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија, како два штетни и неуставни договори што се директна основа за ваквите напади врз македонската државност и идентитет“, велат од Левица.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми