ВИДЕО – Со печени кравајчиња, посна трпеза и седенка со староградски песни, здружението „Орхидеја“ го одбележа Иванден

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Здружението „Орхидеа“ од Прилеп и оваа година традиционално го одбележа празникот Иванден на викендицата кај Бунтевци во населбата Маркова чешма или наречена „Бунтев чардак“. Кравајчиња печени во фурна, зелник, тавче гравче. Што би рекле старите прилепчани мискојна мирисаше целата населба. На масата секако е и познатиот декор со ѓумче, цвечиња, брашно, шеќерчиња и масло. Иванден можеби најавтентично се прославува во Прилеп за разлика од другите места во Македонија.

Овој ден е исто така и раѓањето на Свети Јован Крстител, или Иванден. На овој ден традиционално, уште од стари времиња дечињата од по куќи и ја пеат песната Тајане Бојане. Ова е посно, до Петровден се пости, па така ние спремивме гравче тавче, зелник со праз и маслинки и друго гравче од органско потекло, ова е наше гравче.

Црно гравче?

Посно, црно гравче. Кравајчињата се посебни за денешниот ден, таа е традицијата. Едно дете машко го носи ѓумчето на глава и чупињата во круг се собрани и ја пеат песната Тајане Бојане. Одат од куќа во куќа и домајќинките им даваат брашно, во тепсијата се става брашно, шеќер во ваганчето и во чаша масло, а во ѓумчето и по некоја железна паричка. Од тие парички дечињата купуваат шеќерчиња и една од домаќинките од сето собрано им ги меси кравајчињата и ги дели. Исто така за овој ден, стар обичај е за Иванден да се вади рубата од младите невести, или од девојките за мажење и се попрскува со треви со лаванда за да не фаќаат молци. Посебен ден, на Иванден се вади рубата“, рече Снежан Илиеска, членка на здружение „Орхидеја“.

Освен овие специјалитети тука е секако и специјалитето „Тури потпечи“ кој што членките на „Орхидеја“ го направија специјално за нас.

Ајде сега да ни објасните како се подготвува целиот рецепт.

Се тура вода, сол и се разматува брашното, се прави како за палачинки. Потоа кора по кора се печи, се става масло, па кора, па масло, малку проблематично за правење.

 Значи првиот едниот слој на кора, па се печи, па другиот?

 Да, и така си тераш колку сакаш.

 Колку слоеви на кора е оптимално да се стават?

 На кората тесто?

 Да.

 По три кутлачи на една кора, не повеќе. И тоа си се потпекува, па нова кора, па се потпекува, така додека збира тепсијата може да ставаш.

 Освен брашно, вода, сол, масло, дали се става нешто друго?

 Може, но ние денес посно го правиме, бидејќи е пост за Иванден и го правиме посно, инаку може да ставиш сирење, изварка, сѐ може да ставиш.

 Значи по вкус.

 Да, по вкус, може и месо да ставиш горе.

 Тоа некако најубаво звучи.

 Да, но ние сега посно со маслинки. Наде претседателката нѐ собра овде да направиме едно тајане, да се подружиме, да пуштиме музика, да си попееме и така да си направиме денот да ни биде убав.

Дали може да погледнеме како се става?

Може, само уште малку да се потпече, па ќе туриме нова кора.

Добро, ајде да видиме.

Значи ова е вршникот кој се става врз тури – потпечи за да се запечи. Малку да се загрее вршникот, па се потпекува, па пак се става тесто, пак вршник и така си оди со ред.

Дали се става жар горе на вршникот?

Да, се става жар, пепел, за поубаво да се печи.

Колку време треба да се печи вака?

Долго време. Инаку вака 20 минути.

Еден слој?

Еден слој.

Колку време го подготвувате од утринава овој специјалитет?

Од 8 часот сме почнати, еве сега колку е часот, 5-6 саати ти треба за ова да го подготвиш. Тешко е малку, но убаво, нас ни е ќеф, сакаме и решивме денес да го правиме.

Колку денес се практикува овој специјалитет, колку често се прави?

Поретко, овде поретко, а во Охрид го прават често. Овде ние немаме услови, треба сѐ да имаш за да го правиш ова. Порано секој први мај го правев кога се собиравме со едно друштво, и тоа во дворот, но потешко се прави.

Значи не може да се подготви дома со обичен шпорет, рерна итн.?

Нема шанси, мора да биде надвор. Дома не може бидејќи се пали оган, чади, жар треба да се направи, значи малку потешко.

Дали е сега готово?

Да, тамам е, готово е.

По што го познавате?

Еве можам вака да направам со раката, значи печено е. Сега тестото да го ставиме горе. Три кутлачи да туриме доволно е за една кора.

Уште колку планирате тука слоеви да собери?

Уште еден ќе ставиме и толку ќе биде. Ќе правиме пак, да сме здрави и живи.

В година, ама мрсно.

В година мрсно, значи во мрсно, не во посно вака.

За мрсен празник.

Сега ова е посно.

Ние можеме да седнеме тука во летниковецот и да го почекаме да се подготви овој специјалитет.

Може“, вели Милка Ушкоска, членка на здружение „Орхидеја“.

Здружението „Орхидеја“ постои од 1997 години. Освен што подготвуваат вакви традиционални специјалитети и е запазуваат и зачувуваат нашата традиција и култура, членките на „Орхидеја“ негуваат и пејачка секција со староградска музика.

Со помош на моиве членки, на овој ден секоја година го празнуваме овој празник, се собираме тука и го одбележуваме тука, поготово со кравајчињава.

Тука како што може да се забележи имаме кравајчиња од најразлични видови и форми.

Да, има и зелник направено, сето е посно, на овој ден е посен празникот и од сите членки има по нешто донесено за тука да се дружиме. Да кажам за организацијата наша, дека постои од 1997 година, 25 години од постоењето званично, а 30 во претходниот состав. Одиме на патувања, се дружиме со други организации, одиме хуманитарно, одиме во старскиот дом кај старите лица со наше месено, да ги видиме и нив. Одиме кај децата со посебни потреби, хуманитарно се собираме. Оваа година по иницијатива на граѓани на патот према вештачкото езеро има црквиче, градоначалникот беше домаќин на црквичето, таму ние посадивме по едно дрво за здравје и помогнавме во славењето на празникот.

 Освен што може да ги забележиме овие прекрасни специјалитети што како здружение ги подготвувате вие имате и своја пејачка секција.

 Значи организацијата наша имаме оформено пејачка секција, со кои учиме песни со кои настапуваме на повеќе места. Одиме скоро на сите манифестации каде ќе бидеме повикани со пејачката група.

 Какви песни негувате?

 Староградски, претежно староградски песни. Имаме и оркестар, тука сме помогнати со пеењето, тие идат со нас, ни помагаат, за да се дружиме“, истакна Наде Бунтеска, претседателка на здружение „Орхидеја“.

За овој ден во Прилеп традционално се пее песната „Тајане Бојане“ која за нас ја изведоа членките на ова здружение. Секоја дружба завршува со убава седенка и неминовно со убави страроградски песни.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми