Во свет каде што секој нов живот е чудо, а секој здив на новороденче е надеж, компанијата Mozzart повторно покажа дека хуманоста не е само збор, туку дело. Овојпат, грижата и љубовта беа насочени кон најмалите и најнежните – новороденчињата во Општата болница со проширена дејност во Прилеп.
Со донација на мобилен, преносен ехо апарат за мозок, Mozzart овозможи болницата да започне нова, животно важна услуга – ехо преглед на мозок кај секое новороденче.
„Овој апарат е од непроценливо значење за нашата болница. Благодарение на Mozzart, сега можеме навремено да откриеме евентуални невролошки состојби уште во првите денови од животот. Во иднина планираме да воведеме и ехо на срце кај секое новороденче, со што значително ќе ја унапредиме педијатриската грижа,“ изјави со благодарност Д-р Кире Јоноски, директор на болницата.

Првите прегледи веќе се извршени, носејќи мир и сигурност во срцата на многу родители. Реализацијата на оваа донација како и бесплатните прегледи, претставува значаен чекор кон унапредување на здравствената заштита на најмладите.