Афродити Латинопули: Јас сум вистинска горда Македонка, а не лажна како резидентите во Скопје

Facebook
Twitter
Email
Print
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

На вчерашната пленарна дебата во Европскиот парламент, што ѝ претходеше на денешното гласање за Извештајот за напредокот на Македонија, грчката европратеничка Афродити Латинопули изнесе навредлива и провокативна реторика, негирајќи го македонскиот јазик и идентитет.

„Јас сум вистинска горда Македонка, а не лажна како резидентите во Скопје“, изјави Латинопули од европската група на крајната десница (ECR), додека ги поддржуваше бугарските ставови за историјата, јазикот и националноста на македонскиот народ.

„Дојдовме до точка каде што честа на Македонија и Грција ја бранат Бугарите. Нивната реакција е исправна бидејќи тие знаат дека моменталниот јазик во Скопје е бугарски дијалект и нивната националност е бугарска. Ако сакате мир и добри односи на Балканот, историјата мора да се обнови, инаку пристапот кон ЕУ нема да се случи ниту во нивните соништа. Македонија е една и таа е грчка“, рече Латинопули.

Изјавата предизвика реакции и на социјалните мрежи, особено поради фактот што дојде во момент – токму во пресрет на денешното гласање за Извештајот за Македонија, кој беше усвоен со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“, но во финалната верзија од текстот беа отстранети референците на „македонскиот јазик и идентитет“.

Овој развој на настаните дополнително ги отвори прашањата за рамнотежата меѓу политичкиот дијалог во Европскиот парламент и заштитата на националниот и културниот интегритет на земјите-кандидати, како што е Македонија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира