Лукароска: Со ВМРО-ДПМНЕ Прилеп не е безбеден град – граѓаните не се чувствуваат сигурно ниту дома, ниту надвор

Со ВМРО-ДПМНЕ Прилеп стана небезбеден град, прилепчани не се безбедни во своите маала, улици, дворови. Целата јавност е потресена од трагедијата што викендов се случи во Прилеп. Случај што го открива дното до кое е доведена безбедносната состојба во градот. Овој монструозен чин ја потврдува суровата реалност: Прилеп е во сериозна безбедносна криза, истакна на денешната прес конференција Петра Лукароска, претседателка на ОО СДСМ – Прилеп.

Прес конреренцијата ја пренесуваме во целост.

„Граѓаните живеат во страв, а државата, институциите и полицијата во Прилеп се парализирани, неспособни и неми.

Последниот случај е само кулминација на безредието што подолго време владее во Прилеп, под „раководство“ на ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски.

Во последната година во Прилеп се запалени 24 возила!

Опожарен е ноќен клуб.

Во дворови на куќи се фрлаат бомби и се поставуваат експлозивни направи.

Угостителските објекти се претворија во бојно поле – места на насилства, тепачки и оружени пресметки.

Во Центарот за социјална работа во Прилеп се случи инцидент со пукање, каде службеничка се здоби со прострелна рана.

Ова не е нормално.

Министерот Панче Тошковски и раководството на полицијата во Прилеп не само што не ги спречуваат овие инциденти, туку со својата незаинтересираност и неспособност ги охрабруваат.

Под нивно водство, МВР е паднато на колена, институциите се потчинети на партиски интереси, а граѓаните оставени сами на себе.

Уште колку жртви треба да паднат за некој да понесе одговорност?

СДСМ бара оставка од министерот Панче Тошковски и итна одговорност од раководството на СВР Прилеп!

Бараме началникот и командирот веднаш да бидат разрешени.

Доста е. Прилепчани не заслужуваат вака да живеат“, рече Лукароска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира