Поднесена тужба против Владата и Министерството за земјоделие затоа што на жените земјоделки не им следува породилно отсуство

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Пред Основниот граѓански суд, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) и Хелсиншкиот комитет вчера поднесоа тужба против Владата и против Министерството за здравство зашто не сакаат во Законот за здравствено осигурување да ги додадат и земјоделките во членот кај што се набројуваат корисничките на надомест за породилно отсуство.

Дури и собраниската Комисија за еднакви можности на мажите и жените до Собранието има испратено заклучок од јавната расправа на оваа тема, под итно да го смени Законот за здравствено осигурување и да го реши проблем на овие 1.000 дискриминирани жени регистрирани како индивидуални земјоделки.

Овие напори на Комисијата за дискриминација и на Хелсиншкиот комитет за човекови права и слободи ги поддржува Советот на Европа.

„Наместо да бидат третирани како сите други жени, тие се приморани да аплицираат за овие надоместоци за породилно и за боледување индивидуално преку програма на Министерството за земјоделство. Ако им биде одобрено барањето и ако исполнат и други услови меѓу кои и тоа да имаат приход помал од 50 илјади денари месечно во домаќинството – тогаш добиваат надоместок за породилно и за боледување“, велат тужителите.

Со тужбата се бара измена на Законот за здравствено осигурување и жените земјоделки да не аплицираат за надоместок за породилно отсуство како што аплицираат за субвенции за трактор и за крава, туку тоа право законски да им следува. Станува збор за 1050 жени земјоделки во целата држава од кои само дел ќе останат бремени така што финансиските импликации по буџетот се незначителни.

Засега властите не ги перцепираат земјоделките, што ги прави маргинализирана група, директно дискриминирана од државата. Образложението од Министерството и од Фондот за здравство е дека тие плаќаат помал износ за придонеси и нема потреба посебно да се именуваат во законот.

Комисијата и Хелсиншкиот комитет велат дека ваквата дискриминаторска состојба на индивидуалните земјоделки го доведува во прашање планирањето на семејство, мајчинството, нормалниот живот и здравствената состојба.

„Бремените земјоделки се свиткани на нива со големи стомаци до последен ден, до породување. Кога ќе се породат, веднаш се враќаат на поле, што е рано и опасно, но тие се без 9-месечно платено породилно отсуство како останатите работнички во државата и се принудени да го ризикуваат своето и здравјето на новороденчињата за да обезбедат егзистенција“, велат подносителите на тужбата.

Пратеничката група на „Левица“ подготви амандмани на оваа тема, но измените не беа изгласани на пленарна седница од страна на мнозинството.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми