Еден град, еден тим, еден спомен: Прв меморијален фудбалски турнир „Сотир Мазар 2025“

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Во Крушево, градот на хероите и вековната традиција, ова лето ќе заживее еден нов спортски настан посветен на споменот на прерано починат млад крушевчанец, сограѓанин, пријател и вљубеник во фудбалот, Сотир Мазар.

Подгответе се за првиот меморијален турнир во мал фудбал „Сотир Мазар 2025“, кој ќе се одржи од 13 август до 17 август на спортските терени во Крушево.

„Овој турнир не е само натпревар. Тој е прослава на животот, другарството и спортскиот дух што Сотир ги негуваше и ширеше околу себе. Нека неговата љубов кон фудбалската игра нè обедини на теренот, каде што преку фер-плеј и страст ќе му оддадеме почит на ликот и делото на нашиот млад херој.

Ги повикуваме сите фудбалски екипи и ентузијасти од Крушево и околината да се пријават и да бидат дел од оваа благородна иницијатива. Нека најдобрите победат, но пред сè, нека победи споменот, пријателството и почитта.“, велат организаторите.

Информации за турнирот:

  • Датум на одржување: 13 – 17 август 2025 година
  • Локација: Спортски терени на Гумење, Крушево
  • Котизација за учество: 4.000 денари по екипа
  • Награден фонд: 80.000 денари за првите 3 места
  • Краен рок за пријавување: 10 август 2025 година

Пријавете ја вашата екипа кај организаторите на турниот на телефонските броеви: 078/698-512 (Ратко), 071/316-558 (Кирил) и 075/917-600 (Ѓорѓи).

За повеќе информации можете да ја посетите и Facebook страната: https://www.facebook.com/profile.php?id=61578144312161 која во чест на Сотир Стојчески Мазар ја креираа неговите другари кои се и иницијатори за започнување на овој фудбалски турнир.

„Дојдете да ги бодриме екипите, да уживаме во мајсториите на фудбалската игра и заедно да го сочуваме од заборав споменот на нашиот Сотир.“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми