Хуманитарна забава за Стефанија утре во „КАФЕТЕРИЈА“ во центарот на Прилеп

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми



15-годишната Стефанија Попоска од Прилеп се бори да зачекори во животот. Родена со тешка дијагноза, Стефанија од првиот нејзин здив не знае што значи лесно движење. Нозете и половината и се слаби, секој чекор и е мака. Досега има поминато низ неколку операции, но нејзината здравствена состојба се’ уште не е на посакуваното ниво.

Надеж гледа во специјализираната болница “Нуромедик” во Ниш, каде преку третмани и’ ветуваат значително подобрување во движењето. Семејството Попоски живее скромен живот, нејзиниот татко е инвалид, па финансиски се немоќни да ги поднесат сите трошоци.

-Со треперливо срце и со многу болка, ви се обраќаме – како родители, како луѓе, како мајка и татко кои секој ден ја гледаат својата ќерка како се мачи да зачекори.Ве молиме, помогнете ни. Помогнете и на Стефанија.Секоја донација е глас на надеж. Секоја споделена приказна е чекор поблиску до нејзиното подобро утре – стои во апелот за помош на социјалните мрежи и на хуманитарната организација “Павел Андреев”.

За Стефанија можете да донирате на следниот ЛИНК

Прилеп важи за град кој не остава никого сам, па за малата Стефанија се организираат повеќе хуманитарни забави, а донаторски кутии се поставени во повеќе локали низ целиот град.

Утре, 27.07. со почеток од 20:30 часот, во “КАФЕТЕРИЈА” во центарот на Прилеп, се организира и хуманитарна забава. Ќе настапи локалниот бенд LOCK DOWN. Влезот чини 100 денари, а сите собрани средства ќе бидат донирани за лекување на Стефанија.

Да го исполниме локалот до последно место и да дадеме свој придонес за Стефанија, да ја вратиме надежта во очите на нејзиното семејство, да помогнеме оваа млада девојка да почне безгрижно да чекори во животот и да почне да ги остварува своите соништа.

27.07 (недела), 20:30часот, дојдете во “КАФЕТЕРИЈА”!

Заедно можеме да создадеме светло на крајот од тунелот и да ѝ подариме надеж и насмевка која ќе трае цел живот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми