8 активни пожари во Македонија – 2 на територија на Прилеп

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Во текот на изминатото деноноќие, 27/28.07.2025 година, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 51 пожар, од кои:

  • 8 се активни,
  • 7 се под контрола,
  • 36 се изгаснати.

АКТИВНИ ПОЖАРИ: 8

  1. Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација).
  2. Општина Прилеп – с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид, крак кон с. Градешница (опш. Новаци) и крак кон граница со Р. Грција (мешана шума).
  3. Прилеп и Кавадарци – помеѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил, Дрен (опш. Прилеп), и Галиште, Трстеник (опш. Кавадарци) (мешана шума и нискостеблеста вегетација).
  4. Општина Македонски Брод – помеѓу селата Црешево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација).
  5. Општина Желино – помеѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума).
  6. Општина Крива Паланка – с. Нерав (висока борова шума).
  7. Општина Кичево – с. Горно Црско (ниска вегетација и ниска шума).
  8. Општина Македонска Каменица – с. Ќосевица (борова шума).

 ПОЖАРИ ПОД КОНТРОЛА: 7

  1. Старо Нагоричане и Куманово – с. Облавце, Бељаковце, Довезенце, Орах и Руѓинце, со ширење кон с. Димонце и Коњух (опш. Кратово) (ниска вегетација).
  2. Општина Петровец – с. Средно и Долно Коњаре (мешана шума).
  3. Општина Петровец – Катланово (ниска вегетација).
  4. Македонски Брод 1 – с. Грешница (мешана шума и сува трева).
  5. Македонски Брод 2 – с. Латово (ниска вегетација и деградирана шума).
  6. Општина Штип – помеѓу селата Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева).
  7. Општина Карбинци – с. Јунузлија (шума).

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми