Христоски: Дали во очи на празникот Илинден се прават манипулации дека водата во Крушево не е исправна?

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми



Почитувани крушевчани сакам да Ве информирам дека: Изворските чешми кои ги користат крушевчани за разни лични потреби се во многу полоша состојба и бактеролошки понеисправни неколку пати за разлика од водоводот кои се снабдуваме сите, такви според Центарот за Јавно Здравје се добро познатите чешми на АРМ, Цепина, Јаноска, Буша, кај Бензиската станица, Чешмата Гиги и Ловната, но исто така и во сите населени места од општината, вели во своето соопштение градоначалникот на Крушево, Томе Христоски.

„Во очи празникот „Илинден“ сакам јавно да прокоментирам и прашам дали може да пијаме вода од Прилеп, Кривогаштани, Кичево, Долнени, заради тоа што сме поврзани на истиот регионален водовод на Студенчица, за да мора да прогласиме некоја епидемија, вонредна состојба или исклучиво вода за пиење да користиме преку цистерни и флаширана вода да купуваме дури и за техничка, пошто како што тргнала работава ќе бараме дозволи и за дома да одиме.

Не сакам да верувам дека политиката и селективноста кон нашиот град имаат удел во сето ова, но на удар и засегнати се нашите сограѓани, или ова е уште една игранка за ширење страв, паника, незадоволство како претходно што имаше во општините Струмица и Крива Паланка или за школото во с.Норово.

ЈАС ПРОДОЛЖУВАМ ДА КОРИСТАМ ВОДА ОД ПОСТОЈНИОТ ВОДОВОД НА МОЈА ЛИЧНА ОДГОВОРНОСТ, А ЗНАМ ДЕКА АНАЛИЗИТЕ ЌЕ БИДАТ КОРЕГИРАНИ САМО ДА ПОМИНИ ПРАЗНИКОТ.

Која штета се прави особено на приватниот сектор во овие денови, но нема да дозволам да се манипулира со никого! Ако до сега било ваква навистина бактеролошки лоша, неисправна и хаотична ситуацијата со водата до сега по мои информации од стручни служби во Здравствените установи требаше да има редици граѓани кои се жалат на стомачни и вирусни заболувања како последица на водата“, истакнува Христоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми