ВИДЕО- 24 години непребол и испомешани чувства на гордост, тага, болка и гнев за неправдите кои бранителите – одбележување на Карпалак

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

24 години непребол и испомешани чувства на гордост, но и на тага, болка и гнев за неправдите кои бранителите ги преживеаја за целиот овој временски период. Во Прилеп со положување на свежо цвеќе во касарната Мирче Ацев вечерва започна одбележувањето на годишнината од Карпалак кога од страна на терористите беа убиени 10 мина прилепчани. Бранители велат дека државата не им исполнила скоро ништо од барањата кои ги имале. Оние против кои се бореле сега биле на раководни функции, а на македонските бранители политичарите се потсетувале само за вакви денови.

„Само на овој ден се потсетуваат и тоа пак по наша иницијатива ако се избориме да му кажиме дека, да ова е денот кога загинаа 10 мина прилепски бранители инаку паѓа во голем заборав. Ние имаме стално барања, но како што напоменав нашите барања се сведуваат само на овој ден. Тогаш малку ќе се потсетиме, ќе се навратиме и остануваат празни ветувања“, изјави Игор Петрески, претседател на здружение „Карпалак“ – Прилеп.

Пред спомен обележјето освен здруженијата на бранителите се поклонија и семејствата на загинатите, делегации на АРМ, Општина Прилеп, како членовите на Општинската организација на Сојузот на борците на Прилеп и политичките партии.

Ние не потклекнуваме, трагедијата на настаните преточена во спомени и испишаните страници на историјата ќе им ги пренесуваме на поколенијата преку сликите на настаните, но и доблестите и родољубието на чуварите и бранителите на сопствените огништа, на мирниот сон на нашите најмлади и достоинствените вредности на човекот“, истакна потполковник Сашо Палески, командир на касарната „Мирче Ацев“ – Прилеп.

Утре ќе биде оддадена почит на нивните вечни почивалишта, во црквата Света Петка ќе се одржи панихида, а свежо цвеќе ќе биде положено и на нивниот споменик во центарот на Прилеп. Делегации ќе ја посетат и месноста „Карпалак“ на патот Скопје-Тетово.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци