Физички пресметки и дрога по улиците низ Прилеп

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

На 20.08.2025 во ОВР Прилеп било пријавено дека во 19:30 часот во Казнено-поправната установа Затвор Прилеп, при извршен преглед врз осуденикот Е.К.(31) од Ресен, била пронајдена марихуана. По документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 20.08.2025 во 20:00 часот во ОВР Прилеп,  од Градска болница Прилеп било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен М.Р.(34) од Прилеп. Според пријавеното, тој се здобил со повредите на  ул.„Јоска Јорданоски“ во Прилеп, каде што бил физички нападнат од две лица, кои употребиле и остар предмет.  Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 20.08.2025 во 21:10 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп  го лишиле од слобода И.В.(43) од Прилеп, постапувајќи по претходна пријава дека во 20.35 часот на ул.„Беровска“ во Прилеп го нарушил јавниот ред и мир со физичка пресметка со Б.Џ.(42) од Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на настанот .

На 21.08.2025 во 02:10 часот на ул.„Кораб“  во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Н.Р.(22) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми