После успешно реализираното прво издание на турнирот во одбојка “Македонски Брод 2024” минатата година кое собра голем број учесници и љубители на одбојката, оваа година со уште поголема амбиција и ентузијазам се организира второто издание на истиот, кое ќе се одржи во периодот од 01 октомври 2025 г. до 01 ноември 2025 г. во спортската сала во кругот на ООУ “Св. Климент Охридски” во Македонски Брод.
Генерален покровител на настанот е Општина Македонски Брод, а турнирот има за цел да ги разбуди симпатиите кон одбојкарската игра, пред се кај најмладите генерации, да ја поттикне спортската култура на организирање на настани во регионот и пошироко, како и да создаде традиција која ќе го збогати спортскиот живот во Општина Македонски Брод.
Пријвуваање на екипи е до 28 септември, а на истиот датум ќе биде оддржана и ждрепката за состав на групите.

Котизација за учество е 4.000 денари, а екипите оваа година ги очекува богат награден фонд:
- 1 место 60.000 денари
- 2 место 30.000 денари
- 3 место 15.000 денари
- 4 место 5.000 денари
како и други специјални награди.
„Воедно, повикот за спонзорство е во тек! Сите компании, институции и поединци кои сакаат да бидат дел од ова спортско случување и да придонесат кон развојот и промоцијата на одбојката во нашиот регион, се добредојдени да ја поддржат организацијата. Вашата евентуална поддршка ќе биде видлива за целата спортска и поширока јавност, а несомнено ќе помогне во создавање на уште поголем и повреден турнир“, велат организаторите.
Организациониот одбор при Спортско друштво “МБ СПОРТ” од Македонски Брод најавува и ветува уште една убава одбојкарска приказна – автентичен турнир во регионот и одбојкарско доживување кое не смее да се пропушти. Бидете дел од истиот и проследете незаборавни и уникатни одбојкарски доживувања.