ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
Жителите на прилепското село Големо Коњари веќе 3 дена се без вода откако во саботата поради невремето се расипа главниот мотор кој пренесува вода до нивните домови. До редакцијата на Инфо Компас испратија реакција дека веќе 3 дена се без капка вода, а на овие високи температури немаат ниту за пиење, ниту за основните хигиенски потреби.
Директорот на ЈП Водовод и Канализација Прилеп, Игор Гулабоски, за Инфо Компас изјави дека деловите кои биле изгорени во невремето на моторот веќе биле порачани и утре ќе пристигнат во Прилеп, по што веднаш ќе бидат монтирани.
Инаку селото Големо Коњари има околу 800 жители.