Прилепчанецот Дарко Неданоски дел од големата НАТО вежба во Бугарија


Во периодот од 07 до 12 септември 2025 година, НАТО и Бугарија ќе ја организираат една од најголемите и најсложени светски вежби за итни ситуации, во професионалниот тренинг центар за итен одговор во Монтана.

Во вежбата ќе учествуваат околу 1200 учесници од повеќе од 40 земји и организации, со цел размена на знаења, искуства и добри практики во управување со кризи.

Предвидени се повеќе сценарија, меѓу кои:

  • Урбано пребарување и спасување од урнатини
  • Пребарување и спасување од води
  • Итни медицински тимови (EMT)
  • Хемиска, биолошка, радиолошка и нуклеарна детекција и заштита (CBRN)
  • Заштита на културното наследство

Гордост за нашиот град е што Дарко Неданоски од Прилеп е дел од Тимот за урбано и рурално пребарување и спасување на Републичкиот Тим за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) – тим кој веќе има докажано искуство во реални интервенци и во бројни меѓународни вежби.

Ова учество е уште посебно затоа што се одвива токму во деновите кога ја славиме независноста на нашата татковина – 8 Септември. На овој голем државен празник, македонските спасувачи со својот професионализам, знаење и пожртвуваност ја претставуваат Република Македонија со гордост пред целиот свет.

Тие се доказ дека нашата независна држава не е само симбол на слобода, туку и на сила, знаење и храброст. Македонија преку своите луѓе покажува дека стои рамо до рамо со светските сили во справувањето со најтешките предизвици.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира