Преку имплементација на проектот „Економско вклучување и економска правда за жените од Западен Балкан“, а кој ќе се реализира до 2027 година, жените од овој регион ќе се мотивираат што е можно повеќе да бидат вклучени на пазарот на труд. За жал статистичките податоци се уште покажувале дека жените од Западен Балкан се помалку застапени од мажите во пазарот на труд.

„Без оглед во која форма, дали некои жени кои што сакаат да започнат сопствен бизнис, дали како жени кои веќе имаат бизнис и сакаат да го унапредат, или пак како жени кои едноставно сакаат да се вработат, нашата цел е да ги поттикнеме жените да се вклучат во економијата за и тие да имаат добробит за себе и за своето семејство на тој начин“, изјави Кристина Хаџивасилева, Конслатинг за стратешки развој Скопје.
Овој повик за женско претприемништво содржи, 4 дневна обука, менторска поддршка при изработка на бизнис планот и грантова поддршка од 2.500 евра за основање на бизнис, и грант од 5.000 евра наменет за унапредување на веќе постоечки бизнис.
„Рокот за пријава е 30 септември, а можат да се пријават сите заинтересирани жени над 18 години, кои што имаат идеја и желба да започнат или да го унапредат својот бизнис, кои што работат во секторите на услуги, производство и земјоделство, но со тоа што фокус и предност се дава во овој повик на лица, односно жени од маргинализирани и ранливи групи“, истакна Росица Тошевска, Конслатинг за стратешки развој Скопје.
„Во наредниот период ќе имаме многу средби на различни теми, со цел да им помогнеме на жените да ги зајакнат своите вештини, да може да им дадеме пренасочување, да имаат деквалификација, преквалификација и да бидат поконкурентни на пазарот на трудот, а она што е најважно да ги поттикнеме жените да бидат носители на одлуки и во домот и во заедницата“, додаде Марина Тошеска, ЛАГ АГРО ЛИДЕР.
Освен во Македонија овој проект се реализира во исто време и во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.