
Општина Прилеп активно зема учество и се приклучува на европските градови кои ја промовираат одржливата урбана мобилност за чиста животна средина и здрав живот и начин на живеење, истакна Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп, на денешната прес конференција по повод Европската недела на мобилност.
„Нашата цел е да постигнеме што повеќе наши сограѓани да ги променат секојдневните навики со што ќе учествуваат во здрав начин на превоз, одбегнувајќи автомобили, со барање на подобар и безбеден транспорт. Со сето ова можеме да изградиме една подобра животна средина во нашиот град и посигурен начин на живеење“, рече Јовчески.