ВИДЕО – Странски експерти помагаат за изработка на Планот за урбана мобилност на Прилеп

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Што е Планот за одржлива урбана мобилност? Тоа е стратешки план дизајниран да ги задоволи потребите за мобилност на луѓето и бизнисите во градовите и нивното опкружување за подобар квалитет на живот, односно да го подобри квалитетот на животот и средината, истакна Тито Стефанели од Италија, дел од тимот кој го изработува планот за урбана мобилност на Прилеп.

„Се гради според постоечки планови и пракси и ги зема во обзир интеграцијата, учеството и евалуацијата. Развива долгорочни стратегии за транспорт, дефинирајќи јасни цели. Цели кон подобра пристапност и квалитет на живот и средина. Главниот фокус на Планот е подобра пристапност и квалитет на живот, ги интегрира сите начини на транспорт, не само автомобилите, туку главно активните начини како велосипеди. Комбинација е од инфраструктура, регулација на пазарот, како и политики за промоција. Претставува план за краток и среден временски период,  втемелен во долгорочна визија и стратегија. Како што кажав станува збор за интердисциплинарен план, составен од сите дисциплини како мобилност, планирање, животна средина итн. Се планира со вклучување на сите актери во сообраќајот и граѓаните, бидејќи е план во кој сите учествуваат со овој начин на пристап, а исто ја дефинира и ситемската авалуција на неговото влијание во иднина, што ќе носи нови знаења и подобрувања“, додаде Стефанели.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми