
Сакам да појаснам дека овој План се работи преку Министерството за транспорт и врски, проект за поврзување на локалните патишта кој е финансиран од Светска банка. Како една компонента од целиот овој проект е изработка на планови за одржлива урбана мобилност, рече Винета Иваноска, раководител на ЛЕР Прилеп.
„Планови за одржлива урбана мобилност се изработуваат за 5 општини во Македонија, и тоа Прилеп, Кавадарци, Струмица, Струга и Кочани. Планот ги дефинира начините на мобилност, дефинира подобри услови за мобилност на граѓаните и на бизнисите. Планот е во фаза на изработка, имаме локална работна група, или управувачки квалитет кој е формиран со претставници од Општината, надворешни лица и јавните претпријатија, но имаше и многу анкети, ги гледавте на порталите и социјалните медиуми на Општината, а имаше и настан во големата сала каде се вклучија и разни засегнати страни и се дефинираа приоритетите“, истакна Винета Иваноска, раководител ЛЕР Прилеп.