Со транспарентен буџет до економски посилни општини – трибина на ПОДЕМ во Прилеп

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми



Во организација на Општинската организација на ПОДЕМ Прилеп се одржа јавна трибина посветена на улогата на буџетот и неговата транспарентност во развојот на општините. На трибината учество зедоа претставници од Владата, локалната самоуправа, како и граѓанскиот сектор.

Заменикот министер за финансии проф. д-р Николче Јанкуловски во своето излагање ја нагласи значајната поддршка што Владата ја обезбедува за општините со цел рамномерен развој и подобри услуги за граѓаните. Тој истакна дека преку Програмата 2024–2028 се обезбедуваат стабилни финансиски инструменти, но и јасни механизми за транспарентност и отчетност во трошењето на јавните средства. Со тоа, како што подвлече, се зајакнува локалната самоуправа и се гради доверба меѓу граѓаните и институциите.

 

 

Своето обраќање на трибината го имаше и пратеникот Дејан Проданоски, кандидат за градоначалник на Прилеп од редовите на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Тој ја истакна важноста на создавање транспарентен и отчетен буџет како предуслов за економски посилни и поразвиени општини, со посебен акцент на локалните приоритети на Прилеп.

Кандидатот за советник Михајло Божиноски ја нагласи важноста од активно вклучување на младите во креирањето на буџетските приоритети, посочувајќи дека нивната енергија и визија се неопходни за одржлив локален развој.

 

 

 

Фокусот на дискусијата беше ставен на тоа како јавниот и отчетен буџет придонесуваат за економски посилен локален развој, но и за градење доверба меѓу граѓаните и институциите. Беше нагласена потребата од воведување механизми за директно учество на граѓаните во одлучувањето за приоритетни проекти.

Со оваа трибина, ОО ПОДЕМ Прилеп даде силен придонес во започнувањето на серијата јавни настани посветени на важноста на јавните финансии за одржлив економски раст и развој.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми