„Материјализација на мислата“ беше насловот на научниот собир кој се организираше во Прилеп во организација на Институтот за старо-словенска култура. Основната идеја на собирот е на јавноста да и бидат претставени сите димензии кои што се наоѓаат во културното наследство, кои се откриваат со научните истражувања, а кои денес не се доволни јасни и видливи за современиот човек.

„Сметам дека за единствениот начин да се дојде до вистината и одговорите за сите овие прашања кои отворени се токму овие научни истражувања и дека само преку науката може да се стигне до продлабочени и вистински научни сознанија. Токму на овој научен собие е предвидено да имаме еден таков дијалог со партиципанти од различни држави, се разбира од земјата, од околните држави, од САД, така што ова е една од тие добри прилики кои што може да се искористат за промоција и подлабоко познавање на сопственото, но и туѓото култуно наследство што е важна работа да има еден дијалог“, истакнаАлександар Василески, директор на Институтот за старо словенска култура.
Во Прилеп присутни се повеќе научници од околните држави како и САД, кои ќе ги произнесат своите мислења и ставови околу различни теми и области .
„Во рамките на моето предавање јас ќе ги презентрам резултатите од истражувањата кои беа спроведувани на археолошкиот локалитет „Црно буки“ кај Демир Капија кој ги релизиравме со Заводот и музеј од Битола и Институтот за старо словенка култура од Прилеп. Во рамките на презентацијата ќе се презентираат податоците кои ги добивме со неинвазивни археолошки истражувања на овие локалитети“, изјави Џесика Морис, студент на Кап Поли, Универзитет од Калифорнија, САД.
На научниот собир ќе земат учество 40-тина научни и образовни работници од земјата и странство од престижни научни и високообразовни институции.