„Насмеани лица и состојби“ – изложба на прилепскиот уметник Емил Солески

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

На 26 септември 2025, петок од 20.00 ч. во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата на дела „Насмеани лица и состојби“ од прилепскиот уметник Емил Солески.

КОН МУЗИТЕ НА ЕМИЛ СОЛЕСКИ

„Најновото скулпторско и сликарско претставување на Емил Солески ни донесува неколку нови размисли за и околу постоењето и опстојувањето.

Кога на каменот ќе му дадете душа тој сам по себе нуди бројни асоцијации кои низ филтерот на авторот не упатуваат да се запрашаме кои сме и кон што се стремиме. Овојпат преку композицијата „За уметникот и неговите Пиериди“ – Талија, Уранија, Мелпомена, Полихимнија, Ерато, Клио, Калиопа, Евтерпа, Терпсихора, авторот како да сака да ни најави дека тие ќе му дадат сила за да ги искаже своите согледувања и немири во уште повеќе дела кои ќе бидат богатство на нашата современа уметност.

Воедно да ги споменеме и неговите состојби како ,,Напнат, да не речам распнат,, или ,,Да си излезеш од кожата,, кои во себе носат своевиден психолошки профил на времето кое го живееме. Интересно за ова ново претставување на Солески е што пред јавноста се претставува и со свои сликарски перформанси под заеднички наслов ,,Насмеани лица“. Оваа негова изложба како да се надополнува со претходните негови презентирања надополнувајќи ја празнината на духовното надградување кое денес и тоа како нам ни е потребно. Среќа е што живееме во период кога овој наш истакнат уметник твори“, вели Никола Јованоски.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми