ВИДЕО – Интервју со Борче Чупетрески, независен кандидат за градоначалник за Прилеп

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Инфо Компас продолжува со серијата на интервјуа со кандидатите за градоначалници на Прилеп и нивно претставување пред граѓаните. Во ова издание на емисијата Инфо Регион гостин ни беше Борче Чупетрески, независен кандидат за градоначалник.

Еве дел од неговите, ставови, ветувања и програма која тој ја претстави во емисијата:

  • Моите менаџерски способности сакам да ги вложам во развој на општината за да создадеме среќен и перпективен Прилеп
  • Сум било финансиер и симпатизер и на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, но сите ме разочарале, ја предводев и Шарената револуција
  • Време е граѓаните да му дадат шанса на независен кандидат после 34 години
  • Ќе формираме агроберза за сигурен пласман и планско земјоделство
  • Реконструкција на хидро системот, копање на бунари кои ќе вадат вода со помош на соларни панели
  • Поставување на панели за производство на електрилна енергија на сите општински објекти
  • Изградба на соларна централа од 5 MG за потребите за електрична енергија на општината и уличното осветлување
  • Забрзување на решавањето и откочување на проблемот со издавање на градежни дозволи
  • Прилеп мора да добива поголема финансиска добивка од рудниците за неметали, потребно е преиспитување на законската регулатива
  • Јаловината од мермерот може да се употребува во голем број други гранки со што ќе се отворат нови фабрики од други индустрии
  • Годишно ќе засадуваме по 10.000 садници во околината на Прилеп
  • Проект за НУЛА отпад, искористување и рециклирање на целиот отпад, и органсиот и неорганскиот
  • Намалување на бројот на вработени во јавните претпријатија и прераспределба на вработените
  • Купување на машини за чистење на улиците во Прилеп
  • Веќе преговарам со инвеститори за изградба на големи хотели во Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми