ВИДЕО – Интервју со Павлинче Матеска, независен кандидат за градоначалник за Прилеп


Инфо Компас продолжува со серијата на интервјуа со кандидатите за градоначалници на Прилеп и нивно претставување пред граѓаните. Во ова издание на емисијата Инфо Регион гостин ни беше Павлинче Матеска, независен кандидат за градоначалник.

Еве дел од нејзините, ставови, ветувања и програма која таа ја претстави во емисијата:

  • Тиквата со ВМРО-ДПМНЕ пукна бидејќи локалната самоуправа не ја реализираше воопшто програмата во чие составување учествував и јас
  • Во општината има превработеност, секој градоначалник си носи свои вработени преку привремени вработувања, за една работна позиција има по повеќе вработени лица, затоа што некој на некого не му одговарал
  • Не може секој градоначалник да си носи свој раководен тим во општината и таа да се полни како балон со нови вработувања
  • Моментално 40% од вработените не се на нивните работни места според решението кое што им е дадено, не се криви тие за тоа туку раководството
  • ВМРО-ДПМНЕ се обидува да се амнестира од досегашната работа на градоначалникот Борче Јовчески
  • Изминативе години се излеани околу 2 милиони евра за привремени вработувања само во општината
  • Граѓаните треба да дадат шанса на независен кандидат за градоначалник, во моментов во партиите нема човек кој се грижи за народот, туку само за нивни лични интереси
  • Уредување на речното корито ќе биде мојот прв капитален проект
  • Бесплатен оброк за основците до 5 одделение
  • Бесплатна матурска вечер за сите матуранти која ќе ја плаќа општината
  • Стипендирање на талентирани ученици
  • Бесплатен Дневен престој во секое училиште
  • Изработка на нов ГУП и нови ДУП-ови
  • Превозот на ученици ќе го врши општината, а не приватни превозници
  • Каде Комуналец потрошил 33 милиони денари и зошто тие пари не се вратени на општината?
  • Поддршка на занаетчиството, особено младите занаетчии и реновирање на Старата чаршија
  • Реновирање на салата „Партизан“ и спортски игралишта кај „Работнички“
  • Плаќање на еден повратен билет за студентите месечно за да барем еден викенд си дојдат и да се видат со фамилијата
  • Изградба на населбата „Градина“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира