Оние кои денес најгласно зборуваат за јавните претпријатија се токму истите чија негрижа ги доведе до колапс. СДС е партијата која ги натрупа претпријатијата со партиска војска и ги претвори во партиски штабови, без план, без систем, без домаќинско работење, за сега да глумат лицемерие, велат во денешната реакција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп на прес конференција на ОО СДСМ Прилеп.

„Токму СДС е виновна за најголемата криза во јавните претпријатија, која произлезе од нерегулираната и прескапа струја. Наместо да водат вистинска енергетска политика, дозволија енормни цени на струјата кои директно ја урнисаа финансиската стабилност на сите претпријатија. Тоа е резултатот од нивното неспособно владеење и катастрофални одлуки.
За теренот со вештачка трева, вистината е јасна: тој беше направен и пуштен во употреба во време на ВМРО-ДПМНЕ. Единствената работа што СДС ја реализираа таму беше организирањето партиски собир. Толку од нивниот „придонес“ и вистинска грижа за спортот во Прилеп.
Почитувани, СДС е партија во изчезнување. Најдобар доказ за тоа е нивната „промоција“ на програма во фоаје, пред едвај 50 луѓе. Петра Лукароска и СДС знаат дека им следи тежок и голем пораз во Прилеп. Затоа панично држат пресови, со празни обвинувања и лаги. Тоа не е ништо друго освен крик на немоќ!
Дејан Проданоски ќе биде со сигурност идниот градоначалник на Прилеп со огромна победа уште во првиот круг. Тоа е причината за нивниот страв, тоа е причината за нивните нервозни настапи.
ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи во интерес на Прилеп и прилепчани. Прилеп има иднина“, потенцираат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.