На 03.10.2025 во ОВР Прилеп е пријавено дека на крстосница од ул.„Прилепски Бранители“ со бул.„Гоце Делчев“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Џ.(43) од Прилеп и патничко возило „ауди а3“ со прилепски регистарски ознаки.
Според пријавеното, веднаш потоа настанала расправија помеѓу М.Џ. и возачот на возилото „ауди“, кој притоа со остар предмет го нападнал М.Џ. и му нанел убодна рана.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
